Style, Trends, Models, Designers, Shopping in Fashion Trip, Travel & Insurance Rock In Attic renovation ideas Real Estate Holidays
Arvati Song: arvati_song.mp3

Голем град - Змијски остров

Голем град е посебна атракција, резерват од ретки биљки. До Голем град се доаѓа со чамец. Со наглото паѓање на нивото на водата во Преспанското езеро, триесетина метри од висок и бел брег на Голем град е видлив од сите населби на левата и на десната страна на брегот, па и од селото Арвати. Островот порано е посетуван од истражувачи и научници, ама и од радозналци. Богато е со растителни и животински врсти од кои некои и се ендемски, а стручниците за флора и фауна, по барање на UNESCO - моментално вршат и нивен попис.

Голем град е еден дел од Националниот парк Галичица. Од 14. јули 2008-ма година Голем град е отворен за посетителите. Направени се каменити стази и поставени се патокази со информации на македонски и на англиски јазик. На островот Голем град има девет археолошки локалитети, во главно тоа се остатоци од цркви и стамбени објекти, градени од 4. do 19. век. Се предпоставува дека во античкиот период на островот живеело македонското племе Орести, за кое сведочат и ископаните гробови во кои се погребени свештеници, кои живееа во манастирскиот комплекс во кој постоеле три цркви, чии остатоци се ископани недавно. Посебна знаменитост е камената цистерна, која се користела како резервар на вода за пиење.

Your Comments:

Show/Hide Comments / Show/Hide Comments Form

There are no comments yet

Show/Hide Comments Form







Детаљи на странта