Охрид
Легендата вели дека една заљубена девојка, со име Биљана, својот мираз (рачно ткаена и везена постелнина, столњаци, облека...) ги перела на изворите и кога завршила, заборавила да ја затвори чешмата. Водата течела цела ноќ и во полето се створило езеро - Охридското езеро. Ова легенда е испеана во познатата песна „Биљана платно белеше". Денес кај Биљанините извори има каптажна станица, од која еден дел од водата оди во охридскиот водовод, другиот дел во Хидробиолошкиот институт, а третиот, се разбира, в езеро. На самиот брег на езерото лежи Охрид, град со 365 цркви и место под заштита на UNESCO, познат и по чуените, на светот единствени бисери од Охридското езеро и по бројните знаменитости од античко, византиско и турско доба. Во Охрид може да се престојува во петнаесеттина хотели (Горица, Метропол, Белви, Гарден, Дрим ...), во одмаралиштата, аутокампот. Храната секаде е извонредна, домашна, спремана на традиционален начин. Тука ќе јадете најубава пастрмка на светот. Охридската пастрмка е ендемска врста на риба на Балкан и во Европа. Таа е најблизок сродник на врстите кои живееле на тоа подрачје уште од периодот терциер. Стално живее во Охридското езеро. Денот го поминува во длабочините и на места кои се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата излегува дури навечер, кога лови мушици. Понекогаш се приближува до самиот брег, во плиткото, барајќи храна на подводните биљки. Ги има две врсти - летница и белвица. Белвицата се населува само во најдлабоките места на езерото и тоа до 200 м и се мрести во зима како поточната пастрмка. Се поретко се лови и се претпоставува дека и прети изумирање. Меѓу рибите кои живеат тука се уште и јагулите, кленот, шаранот, мрената и малата риба плашчица од чии коски се прават чуените охридски бисери.
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form