Преспанско езеро
Заокружено со планини од сите страни, Преспанското езеро маѓепсува со својата изворедна убавина. Додека врвовите на Галичица се покриени со првиот снег, долу во равницата, на брегот на езерото, сеуште има ружи и есенски цвеќиња. Легендата вели дека Крали Марко, додека се шетал покрај Преспанското езеро, посакал да го види и езерцето Мала Преспа. Се качил на еден камен, и така снажен, на него оставил одпечаток од стапалото. Тоа парче стена и денес стои таму, на граничниот премин со Грција, кој и го носи неговото име и привлекува голем број туристи. Велат, ако го ставите своето стапало, ќе приметите дека Марко сигурно носел обувки барем број 90.
Преспанското езеро (српски - Преспанско Језеро, албански - Liqeni i Prespës, грчки - Limni Prespa) се состои од езерото Голема Преспа, кое се протега на териториите на Република Македонија, Грција и Албанија, и езерото Мала Преспа, кое е поделено помеѓу Грција и Албанија. Езерото Голема Преспа е на 853 метри надморска височина, со површина од 273 km², а најголемата длабочина е 54 м. Од Охридското езеро е оддалечено 10 км, со кое е поврзано со подземни канали на варовничко тло, а заради тоа што е на 150 м повисока надморска височина, од него водата се прелива во Охридското езеро. Познатите Биљанини извори во Охрид се во стварност местото од каде Преспанското езеро излегува од планината Галичица и се прелива во Охридското езеро. На езерото Мала Преспа Се наоѓа островот Ахил (Аил) на кое Самоил ги донел телесните остатоци на Свети Ахил од Тесалија. На езерото Голема Преспа постојат два ненаселени острови: Голем град (во Македонија) и Мал град (во Албанија).
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form