Рекреација во природа
Подмладете се, одморете, ослободете се од стресот така да, додека боравите во село Арвати, пешачите по Баба планина, и за два часа пријатна прошетка ќе стигнете до врвот. На него се наоѓаат две глечерски езера викани Пелистерски очи, со кристалночиста вода. Големо езеро се наоѓа на 2218 m надморска висина, долго е 233 m, широко 162 m, а длабоко 14, 5 m. Мало езеро се наоѓа на 2180 m/нв, долго е 79 m, широко 162 m, длабко 2,6 m. До Големо езеро се наоѓа планинарски дом со 50-100 лежишта. На брегот на езерото можете да берите шумски јагоди, боровинки, малини и разни лековити биљки.
Можете да се прошетате и да се искапите во непосредното Преспанско езеро, кое маѓепсува со убавината (неговата боја се менува при изгрев и при залез на сонцето!) и да се посети археолошкиот локалитет и природен резерват - островот Голем град.
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form