Style, Trends, Models, Designers, Shopping in Fashion Trip, Travel & Insurance Rock In Attic renovation ideas Real Estate Holidays
Arvati Song: arvati_song.mp3

Ресен

Ресен е општински центар и мал град во Република Македонија со околу 10.000 жители. Настанал како населба за време на римското владеење, на познатиот римски пат Виа Игнациа, кој поминуваше низ населбата. На почетокот на средниот век Ресен беше дел од Самоиловата држава. Према легендата после битката кај Клуч, војниците на поразената Самоилова војска биле ослепени на едното око. После тоа се населиле на брегот на Преспанското езеро и таа населба византиците ја нарекоа - Асамати, за нив тоа значело; населба на еднооките луѓе. Покасно Ресен подпадна под власта на Отоманско царство. Во Ресен е роден Ахмед Нијази Бег, турски големодостојник и еден од инициаторите и предводник на младотурската револуција (1908). Тој е познат и по својот необичен дворец - Сарај, изграден по примерот на Château de Chenonceau во котлината Loire во Франција. Во општина Ресен во хармоничен живот на мултиетничка средина живеат околу 16.800 жители.

Селата во општина Ресен: Арвати, Асамати, Јанковец, Коњско, Козјак, Лескоец, Сопотсло, Лавци, Стење, Стипона, Крани, Штрбово, Кривени, Шурленци, Крушје, Воклодери, Курбиново, Златари, Болно, Лева Река, Брајчино, Љубојно, Царев Двор, Наколец, Г. Бела Црква, Отешево, Д. Бела Црква, Перово, Долно Дупени, Петрино, Дрмени, Подмочани, Евла, Покривеник, Езерани, Прелубље, Горно Дупени, Претор, Грнчари, Рајца, Илино, Избиште, Сливница.

Your Comments:

Show/Hide Comments / Show/Hide Comments Form

There are no comments yet

Show/Hide Comments Form







Детаљи на странта