Историјата на село Арвати
Првите податоци за село Арвати датираат од времето на цар Самоил, кога селото се викало ХАВРАТВА. Во XV-от век ('ТУРСКИ ДОКУМЕНТИ ОД XV-от ВЕК', стр. 210) ова село го носи името ХАРВАТОВО. Према првиот попис на становништвото во селото тогаш имало 8 семејства. Во прецизните турски книги е запишано дека се бавеле со земјоделство и сточарство, а посебно со одгојување на свињи, за кое плаќале голем данок. Плаќале и свадбарски данок и интересно, порез за неслужење војска. Нивите ги обработувале со помош на волови, магариња и маски. Куќите ги граделе од камен и ги покривале со трска или 'ржна слама. Облеката ја правеле од природен материјал - волна, кожа и дрво. И денес можат да се видат прекрасни делови на носијата. Посебно се обраќало внимамие на женската носија, која ја красела секоја жителка. Долго селото се викало Харвати, а денешното име, Арвати, го добива после втората светска војна.
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form