Како да се дојде до село Арвати?
Селото Арвати се наоѓа на југозападниот дел на Македонија, 190 км јужно од главниот град Скопје, и 34 км источно од Охрид, град кој е под заштита на UNESCO, 11 км северно од Грција и североисточно од Албанија. Помеѓу два национални паркови, Пелистер и Галичица, селото Арвати е сместено на источниот брег на Преспанското езеро, во плодната Преспанска долина, на 1000 метри надморска висина, заокружено со планината Баба, во подножјето на Пелистер (2601 м), на планинската страна на националниот парк на природата. На само 29 км од селото Арвати се наоѓа градот Битола, богат со историски знаменитости, а посебно со остатоци од античкиот период. На 11 км е градчето Ресен, во чија општина селото административно и припаѓа. До селото Арвати се стигнува преку добра развиена патна мрежа, со која се и поврзани меѓународните аеродроми во Охрид (на само 34 км) и Скопје (190 км).
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form