Македонија
Македонија се наоѓа на јуоисточниот дел на Балканскиот полуостров. Има преку 2 милиони становници: 65% се Македонци, 22% Албанци, 4% Турци, 2% Срби, 3% Роми, 4% други. По религиска припадност: православци 67%, муслимани 30%, други 3%. Пари: денар (den) =100 пари. Македонија е република со еден законодавен дом, на чие чело се наоѓа председникот. Главен град е Скопје со 952.500 становници, а поголеми градови уште се: Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Тетово, Штип, Охрид, Ѓевѓелија. Службен јазик е македонски. Највисок врв е Кораб (2764 м). Има три природни езера - Охридско (едно од најстарите на Земјата), Преспанско и Дојранско. Најважните реки се: Вардар, Треска, Црна река, Пчиња, Брегалница, Струмица и Црн Дрим. Во Македонија климата е субмедитеранска - топли и суви лета и ладни и влажни зими. Во пониските делови на котлините најплодни се глинесто/каменестите тла, а на брдско-планинските камењарите и хумусните шумски тла. Во пониските делови преовладува дабот, јасиката и тополата, а во повисоките буката и елката, ама и зимзелени средоземни растенија. Центар на македонската култура е Охрид. Странците го викаат Балкански Ерусалим. Тоа е музеј на отворено, а културното потекло и датира уште од предисторијата. Во него свети Климент и Наум Охридски го основале првиот Сесловенски универзитет.
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form