Style, Trends, Models, Designers, Shopping in Fashion Trip, Travel & Insurance Rock In Attic renovation ideas Real Estate Holidays
Arvati Song: arvati_song.mp3

Становништво и истакнати жители

Денес во село Арвати живеат околу 150 жители - околу 55% Албанци, а 45% Македонци. Се бават со земјоделство, виноградарство, сточарство, пчеларство, ама во главно со овоштарство. Познато е ресенското јаболко, ама се гајат и други сорти - црвен преспански делишес, после златен, па и преспански јонаголд и други. Преспанското јаболко доста успешно се гаи на ова подрачје, и затоа има се повеќе нови засади на разни сорти на јаболко. Заради извонредниот квалитет на јаболкото, од година на година има се повеќе и повеќе купувачи.

Едно од 8-те семејства, кое се споменува уште во XV-от век е семејството Бузаци т.е. Бузаковски. Човекот по кој со векови ќе се памти селото Арвати е познатиот РИСТО (ГУЛЕВ) КОТЕВСКИ (1872-1962) внук на Коте Бузаковски, а син на Гуле Бузаковски кој беше прв и последен кмет во село Арвати. Ристо беше невероватно енергичен, мудар, храбар и беше заштитеник на тоа мало село. Заедо со своите соборци Пенчо и другите комити дига востание во 1903-та година и активно се бори против Турците за слободна Македонија. Неколку пати е ранет, а после победата прв го става знамето на слободна Македонија во своето мало село Арвати. Знамето му го подарува на Македонскиот национален музеј во 1957-ма година, каде што и денес се наоѓа.

Ристо Котевски остави доста наследници кои се пространи по целиот свет. Еден од најчелните внуци на Ристо Гулев е внукот Михајло Гулевски (1941-2006) кој се настани во Нови Сад (Србија). Секој жител од село Арвати кој доаѓал во Србија во Нови Сад тој го прифаќал, го гостел и му пружел помош. Денес жителите на село Арвати зборуваат само добри зборови за Михајло Гулевски, човекот кој ќе биде запамтен за племенитоста. Со сопругата Недељка тој има два синови, Димче и Сашо, кои со своите семејства живеат во Нови Сад. Михајло ја пренесе својата племенитост и љубов према обичајот на своите наследници. Иако не се родени во Македонија, Димче и Сашо го посетуваат Арвати и ја одржуваат семејната традиција. И овај сајт е направен од Димче Гулевски, потомок на Ристо Гулевски. Димче е роден во Нови Сад во 1964-та година. Со сопругата Драгана имаат три деца - Неда, Михајло и Иван. Во потрага за својот сон, Димче изгради совршено место за уживање. Салаш 84, на коридор 10, во Нови Сад. Сашо Гулевски има две деца - Александра и Елена.

Денес во село Арвати живеат семејствата Котевци, Лозановци, Лазаровци, Грдановци, Кипревци, Крунтовци, Стерјовци, Марковци, Ненадовци, Сајновци, Секуловци, Христовци, Горговци, Пампулевци, Секуловци, Петковци, Паљуковци, Димовци у други. Помеѓу истакнатите е Алекса Лозановски, кој 2001-та година ја објави монографијата на селото Арвати. Во селото Арвати со векови живеат и Албанци. Иако се тоа становници од различни вери, во селото владее склад и слога. Меѓу Албанците има многу истакнати жители како што се: Ајредин (Рушка) Исаи (1940-2007), Дитар Исаи, Кадуш Исаи, Шукри Далипи, Али Алиу, Џемал Муареми, Фатмир Муареми, Шефкет Муареми, Фуат Азизи, Невруз Лумани, Гани Смаили, Малок Елмази, Заљо Елмази, Меро Кадриу, Асан Исаи, Есад Исаи и други. Занимливст на селото е Тефиде Исаи, која има необична способност да ги мести и лечи тие кои, далеку од лекарот, кршат рака или нога или кога ќе ги касне змија, кога се кочат или им се случува нешто слично. Дарот го наследила од предците.

Слики

Your Comments:

Show/Hide Comments / Show/Hide Comments Form

There are no comments yet

Show/Hide Comments Form







Детаљи на странта