Здрава клима
Климата на село Арвати е здрава, умерено-континентална, со влијание на медитеранско - средоземна од југ. Годишно има 235 сончеви денови, летата се пријатни - деновите топли (35,5°), а ноќите ладни и идеални за добар сон и одмор. В зима температурата е и до - 23,00°.
Релатовно нискиот атмосферски притисок, големиот број на сончеви денови, погодните струења на континентален и медитерански воздух, благите промени на температурата при преминувањето од едно во друго годишно време и низа на други здравовременски погодности, посебно благотворно делуваат на заболените од астма, реуматизам и срчеви болесници. Боравокот и одморот во село Арвати ослободува од модерната болест - стрес, исто толку барем колку и медитацијата, јогата, психолошката помош...
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form