Style, Trends, Models, Designers, Shopping in Fashion Trip, Travel & Insurance Rock In Attic renovation ideas Real Estate Holidays
Arvati Song: arvati_song.mp3

Домашна храна и пијалок

Во селото Арвати не постои ни кафана. Ќе се храните кај својот домаќин, ама ќе бидете угостени и кај било кој друг жител. Ќе го осетите вкусот на свежоспремената, здрава храна од незагадените бавчи. Ќе ви се вратат заборавените мириси и вкусеви и ќе заборавите што е брза храна, брз живот и брзо стареење. Ве очекуваат домашен леб, кој со векови се прави на ист начин, разни пити, печења (на ражен, под сач) чуените овчки, козји и кравски сирења и други традиционални јадења, природни сокови, лута и варена ракија, вина од визбите на жителите на село Арвати, чај или вода од извор... Изворска вода, една од најголемите благодети на село Арвати ви е достапна, како и разни планински чајеви. Шумските јагоди, боровинките, шумските малини - слатки кои никого не го оставаат равнодушен. Познатата печурка, Лисичарка може да се бере во подножјето на планината, околу самото село, и уште многу природна храна која постои само во овие предели. Еколошки чисто, никогаш незагадувано ни со што, селото Арвати е бисер на преспанската регија.

Слики

Your Comments:

Show/Hide Comments / Show/Hide Comments Form

There are no comments yet

Show/Hide Comments Form







Детаљи на странта