Народно создавање и сувенири
Оптеретени со задачите на семејството, куќата, полето и шталите, жените на село Арвати во главно навечер наоѓаат време, а поготово в зима, за создавање на познатите занатски, а сега веќе уметинчки производи. Полека, преку дружење, песна, шала... ткаат, везат, плетат... Сé што е створено може да се купи и да се однесе од село Арвати како сувенир.
Така да како сувенир или како поклон можете на една драга личност да и однесете рачко изработена чипка, познатите платна и ќилими, плетени и везени столњаци и џемпери, разни традиционални садови, ама и шише со традиционален напиток (сокови, вина, разни ракии) или нешто за јадење (посебно препорачуваме козјо, кравско и овчко сирење).
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form