Сместување во селски куќи
Лубезните и гостољубиви домаќини нема да ве сместат в хотел, оти го нема. Ќе ве дочекаат и ќе ве прифатат во своите удобни селски куќи, како член на семејството. Ако сакате, ќе ве научат да правите традиционлни македонски јадења, зимница од зеленчук од нивните бавчи, џемови, мармелади и слатко од овошје, кое сами го одгојуваат. Можете и да ги пробате секојдневните селски работи - хранење на овците, јагнињата - и земјоделските работи: косење и собиранје на сено, садење и берење на овошје, зеленчук, печурки, поебно лисичарката. Шумски јагоди, малинки, лешници... можете да соберите колку да сакате.
There are no comments yet
Show/Hide Comments Form